[ФОТО/ВИДЕО] Времеплов на тркала: „Mercedes“ од 1985 со километража како да е од 2025

Точка

16/04/2026

17:59

360

Големина на фонт

а а а

„Mercedes 300D Turbo W123" од 1985 година со само 29.000 километри на бројачот ги воодушеви колекционерите.

На аукција се појави исклучително сочуван „Mercedes 300D Turbo W123" од 1985 година, примерок кој за речиси четири децении има поминато само 18.000 милји, односно околу 29.000 километри.

Станува збор за еден од најдобро сочуваните автомобили од овој тип во САД, а дополнителна вредност му дава фактот што го задржал речиси целосно оригиналното состојба, пишува „CarScoops“.

Автомобилот е обоен во „Smoke Silver Metallic“ нијанса, а доаѓа со фабрички 14-инчни алуминиумски фелни, црно-хромирани браници и препознатливите класични линии на легендарната W123 серија.

Под хаубата се наоѓа познатиот 3.0-литарски турбо-дизел реден петцилиндричен мотор со 125 коњски сили и 250 Nm, во комбинација со четиристепен автоматски менувач.


Овој мотор важи за еден од најиздржливите што „Mercedes“ некогаш ги има произведено.

Ентериерот исто така е речиси недопрен – црна пресвлака, дрвени детали, автоматска „клима“ и оригиналното радио „Becker Grand Prix“ ве враќаат во златната ера на автомобилската индустрија.


Интересен детаљ е тоа што автомобилот сè уште ги има оригиналните гуми од 1985 година, што потврдува колку малку е возен, но исто така значи дека новиот сопственик ќе мора веднаш да ги замени доколку планира да го користи.

Во време кога и луксузните автомобили брзо застаруваат, овој „Mercedes“ W123 покажува зошто е синоним за долговечност, квалитет и карактер.

За колекционерите и љубителите на класици, ваков примерок претставува вистинска реткост.