Audi Q5 – Најпосакуван автомобил во Македонија

Точка

16/04/2026

13:13

172

Големина на фонт

а а а

Со убедливи 43.2% од гласовите, Audi Q5 ја освои главната награда на „Златно Тркало“

Audi Q5 е прогласен за Најпосакуван автомобил во Македонија на годинешното издание на „Златно Тркало – Национален избор за најпосакуван автомобил“, освојувајќи импресивни 43.2% од вкупните гласови. Ова признание претставува силна потврда за довербата и интересот што македонската публика го има кон овој премиум SUV модел.


„Златно Тркало“ претставува уникатен концепт на избор, каде што победникот го одредуваат самите љубители на автомобили – преку онлајн гласање, отворено за јавноста. На овој начин, резултатите директно го одразуваат вистинскиот интерес и желби на пазарот.


Audi Q5 повеќе од 15 години е еден од најуспешните SUV модели во сегментот со средна големина во Европа и Германија. Со најновата генерација, Audi дополнително ја зацврстува оваа позиција, носејќи уште поизразен дизајн, напредна технологија и подобрена ефикасност.


Новата генерација на Audi Q5 е првиот SUV модел базиран на Premium Platform Combustion (PPC) – платформа која овозможува високи технички стандарди, флексибилност и развој на модели со уникатен карактер. Моделот е придвижуван од современи бензински и дизел мотори, дополнително оптимизирани со MHEV plus технологија, која обезбедува подобра ефикасност и пониска потрошувачка.


Дополнително, новата генерација ја надополнува и спортската верзија Audi SQ5, додека во блиска иднина, гамата ќе се прошири и со plug-in хибридни модели.


Со интеграцијата на новата електронска архитектура E³ 1.2, Audi Q5 ги носи најновите можности за поврзување и дигитализација, поставувајќи нови стандарди во сегментот на премиум SUV возила.


Освојувањето на оваа престижна награда уште еднаш ја потврдува позицијата на Audi Q5 како модел кој совршено ги комбинира дизајнот, перформансите и иновативната технологија – токму она што го бараат современите возачи.