Ливерпул загуби од Пари Сен Жермен и во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овој пораз и елиминација не е најлошата вест затоа што тешка повреда заработи напаѓачот Уго Екитике.
Французинот мораше да го напушти теренот уште во првиот дел и веднаш стана јасно дека се работи за нешто посериозно, а официјална потврда за тоа добивме денеска од премиерлигашот. Напаѓачот заработил посериозна повреда на ахиловата тетива, па оваа сезона за него е завршена како и сонот за настап на Светското првенство.
We are all with you, Hugo ❤️ pic.twitter.com/PAH7lu08Al
— Liverpool FC (@LFC) April 16, 2026
Ливерпул посочи дека повеќе информации за паузата ќе даде во соодветно време, меѓутоа медиумите пренесуваат дека оваа календарска година е готова за Екитике и дека негово враќање може да се очекува во 2027 година што е голем удар за клубот од „Енфилд Роуд“.







