Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев продолжува со квалитетните изданија во првенството на Узбекистан каде беше меѓу најзаслужните за првата сезонска победа на Согдиана.
Во седмото коло Дориев и компанија го испорачаа првиот сезонски триумф и тоа на гостувањето кај Кизилкум со 3-1. Овој позитивен резултат беше најавен токму од нашиот репрезентативец кој во 29 минута беше внимателен, ја прочита намерата на противникот, ја украде топката и потоа рутински реализираше.
Офанзивецот на шест средби има учинок од три гола и една асистенција.








