Слот откри импресивна статистика која прави да биде оптимист за пресврт: Не ни е потребно чудо против ПСЖ

Дерби

14/04/2026

07:23

230

Големина на фонт

а а а

Арне Слот нагласи дека Ливерпул треба да биде среќен што прими само два гола на „Паркот на принцовите“, но среќните околности кои направија англискиот првак да не претрпи тежок пораз, сега му даваат надеж на Холанѓанецот дека неговиот тим може да направи пресврт.

Ливерпул ќе брка два гола негатива на домашен терен во обидот да избори полуфинале, па иако според прикажаното на теренот пред седум дена тоа изгледа како невозможна мисија, Слот смета дека работите многу брзо можат да се сменат во фудбалот.

– Прво и основно, ќе ги потсетам играчите дека загубивме 2:0. Иако требаше да биде повеќе, останавме во игра пред овој реванш на домашен терен. Многупати сме покажаме деак можеме да прикажеме добри перформанси на најважните натпревари, а оваа сезона покажавме и различни лица. Знаеме да истапиме после претрпен удар, а тоа го кажува и статистиката, – изјави Слот, кој направил интересна анализа за своите 49 натпревари на домашен терен како менаџер на Ливерпул.

– Знам дека не се сите играчи со мене тука од првиот ден, но тие со кои случакот е таков, знаат каков биланс имаме во овие 18 месеци. На 49 натпревари кои ги одигравме дома, на 46 постигнавме најмалку два голови. Да, точно е не игравме против ПСЖ, но сите тимови во Премиер лигата и Лигата на шампионите се исто така силни.

– Веруваме дека можеме да направиме нешто. Не ни е потребно чудо, треба да направиме нешто специјално. Играме против европскиот шампион, тоа го прави предизвикот уште потежок, но не и невозможен, – оптимистички вели Слот.