Кремљ: Ја почитуваме волјата на Унгарците

Макфакс

13/04/2026

13:37

158

Големина на фонт

а а а

Кремљ за првпат реагираше по заминувањето од власт на Виктор Орбан, порачувајќи дека Русија ја почитува одлуката на унгарскиот народ и очекува продолжување на односите со Унгарија, пренесуваат руски државни медиуми.

Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе ги следи потезите на новата влада на Петер Маѓар по изборната победа.

Тој додаде дека Кремљ не очекува изборниот резултат да има влијание врз војната во Украина и нагласи дека Русија сака да гради добри односи со Унгарија и другите европски земји.

За сега, нема директна реакција од Владимир Путин.