Трамп ѝ се заканува на Кина: „Ако бидат фатени дека го прават тоа…“

Макфакс

12/04/2026

19:51

1.345

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп ѝ се закани на Кина, еден од најважните трговски партнери на Америка, со царини од 50 проценти на стоки доколку Пекинг воено му помогне на Иран во војната на Блискиот Исток.

„Ако бидат фатени дека го прават тоа, ќе се соочат со царини до 50 проценти, што е вртоглаво“, изјави американскиот претседател за Фокс њуз.

Средба со Кси Џинпинг

Трамп треба да отпатува во Пекинг на 14 и 15 мај, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Кси Џинпинг, откако самитот беше одложен поради војната на Блискиот Исток.

Си-Ен-Ен во петокот објави дека американските разузнавачки агенции укажуваат дека Кина се подготвува да испорача нови системи за воздушна одбрана на Иран во следните неколку недели.

Телевизиската мрежа соопшти дека има индикации дека Пекинг работи на насочување на пратките преку трети земји за да го скрие нивното потекло.