Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите.
Тој рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија. Додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес.
Со обработени 66,69 проценти од гласовите, Тиса дополнително ја зголемува предноста.
Распоредба на мандатите:
Тиса – 137 (42 од листата, 95 поединечно)
Фидес–КДНП – 55 (44 од листата, 11 поединечно)
Ми Хазанк – 7 (7 од листата)
Köszönjük Magyarország!
Posted by Péter Magyar on Sunday, April 12, 2026
„Ви благодарам Унгарија!“, напиша на Фејсбук Петер Маѓар, кандидатот на Тиса за премиер, како одговор на досегашните резултати.
Премиерот Виктор Орбан штотуку ни ја честиташе победата по телефон, објави Маѓар, лидер на Тиса.








