Делегација на Партијата за движење на Турците во Анкара: Средби и посети во рамки на тим-билдинг активности

Макфакс

13/04/2026

13:33

123

Големина на фонт

а а а

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите во Анкара реализираше повеќе посети и средби.

Во рамки на програмата, делегацијата оддаде почит на Мустафа Кемал Ататурк со посета на Аниткабир.

Потоа беа остварени средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од заеднички интерес.

Делегацијата го посети и седиштето на Републиканската народна партија (ЏХП), каде оствари средба со претседателот Озгур Озел. На средбата, како симболичен гест, му беше врачена копија од извод од матичната книга на родените на неговата баба, родена во Кичево.

Од ТХП посочуваат дека остануваат посветени на унапредување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји.