Пол Погба од оваа сезона е дел од францускиот прволигаш Монако, клуб кој се одлучи да му верува и да му даде нова шанса да се врати во елитниот фудбал по тешкиот период одбележан со повреди и казна, суспензија поради допинг.
Меѓутоа Погба се мачи и вчера конечно запиша настап против Париз во Лига што му беше прв натпревар од почетокот на месец декември кога како резерва настапи против Брест.
Има многу прашалници, дилеми кога е во прашање неговата подготвеноств, здравствена состојба, па се појавија информации дека може и да дојде до разделба со Монако без разлика што актуелниот договор го штити Пол до 2027 година.
-Дали веќе се радувам на следната сезона? Сè уште сум тука. Од она што го слушнав, ние сме заедно на долг рок, -порача некогашниот играч на Јувентус и Манчестер Јунајтед за последните вести низ медиумите.
-Играв многу повеќе од минатиот пат и станувам посилен, -додаде Французинот кој се надева дека за брзо време ќе добие и поголема минутажа.








