„WhatsApp“ ја воведува најголемата промена досега: На овој начин ќе се намали ризикот од измами

Точка

11/04/2026

17:45

395

Големина на фонт

а а а

„WhatsApp“ ја воведува едната од своите најважни промени досега, која би можела значително да влијае врз начинот на комуникација меѓу корисниците.

Имено компанијата одлучи да воведе кориснички имиња што овозможуваат размена на пораки без споделување на телефонскиот број.

Со тоа дополнително се намалува ризикот од несакани пораки и обиди за измама. Како што пишува „WABetaInfo“, новата функција моментално постепено се воведува во бета-верзијата и е достапна само за ограничен број корисници. Достапноста може да се провери во поставките на апликацијата.


Главната новина е можноста корисниците наместо телефонски број да користат единствено корисничко име, со што се зголемува нивото на приватност и контролата врз личните податоци. Иако бројот и натаму ќе биде потребен за користење на апликацијата, веќе нема да биде неопходен за контактирање со други корисници, односно ќе остане скриен.

Корисничкото име може да содржи меѓу 3 и 35 знаци, а може да вклучува мали букви, бројки, точки и долни црти. Не е дозволено користење изрази како „www“ или домени од интернет-адреси.


Дополнително, корисниците ќе можат да го поврзат своето корисничко име со Фејсбук и Инстаграм, но тоа не смее да биде идентично со постојните профили на тие платформи. „WhatsApp“ воведува и опционален „username key“, четирицифрен безбедносен код што ќе биде потребен при испраќање пораки до нови контакти, со што дополнително се спречува несакана комуникација. Новата опција сè уште е во фаза на тестирање, а се очекува нејзино постепено ширење во наредните ажурирања на апликацијата.