После неколку месеци неизвесност и голем број шпекулации околу неговото име, Нико Шлотербек вчера стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, па иако на прв поглед тоа е супер вест за „милионерите“, угледниот „Билд открива“ дека неговиот договор содржи и една „скриена клаузула“.
Познатиот германски медиум се повика на свои извори и пренесува дека потписот на Шлотербек не е гаранција дека долго ќе остане на „Сигнал Идуна парк“, од едноставна причина што договорот содржи специјална клаузула за два европски великани.
Имено, Шлотербек не доби конкретна понуда од ниту еден поголем клуб и на крајот реши да ја продолжи соработката со Борусија, но пред да го направи тоа, се осигурал дека ќе му биде овозможен полесен излез доколку на неговата врата затропаат неговите два омилени клуба, Баерн Минхен и Реал Мадрид.
„Билд“ открива дека новиот договор на Шлотербек крие „скриена клаузула“ која може да ја активираат двата европски великани, кои во тој случај би добиле повластена цена за негов ангажман.
Според изворите на „Билд“, Шлотербек ќе добие дозвола за трансфер во Баерн или Реал за сума од 50 до 60 милиони евра, нешто што би било драстично повисоко за сите останати клубови од Европа кои би го сакале германскиот репрезентативец во своите редови.








