Футсалците ја решија Турција и обезбедија главна рунда квалификации за СП

Дерби

10/04/2026

21:23

455

Големина на фонт

а а а

Футсал репрезентацијата на Македонија ја забележа и втората победа на првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство, односно по Бугарија ја суредија и селекцијата на Турција на турнирот во Литванија.

Составот предводен од селектотор Хисејини славеше со 6-3 и на тој начин обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство.

Нашите футсалци доминираа во првиот дел и истиот го решија со 4-1 со погодоците на Исмаили, Киревски, Благојевски и Угурлу кој ја погоди сопствената мрежа.

Турците се заканија во вториот дел и набрзина со два гола дојдоа до 4-3, но потоа дојде одговорот на Македонија која преку Рамадан и Киревски ја потврдија победата и место во наредната фаза на квалификациите за мундијалот.

Во последното коло противник ни е домаќинот на турнирот Литванија и за освојување на првото место потребен ни е најмалку нерешен резултат.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 16 часот.