Јувентус одамна донесе одлука да му понуди долгорочен договор на тренерот Лучијано Спалети, а се очекува денеска и официјално да биде соопштено дека тој добива договор за наредните две сезони.
Покрај тоа што Спалети ќе добие посакувани финансиски услови, успеал да го убеди менаџментот да му го исполни условот и поврзан со своето влијание во преодниот рок.
Платата на Спалети ќе биде меѓу 5 и 6 милиони евра по сезона, но не сакал да ја прифати функцијата без ветување дека неговиот збор ќе има важна улога при изборот на засилувања.
Истовремено, тренерот добил ветување за квалитетни нови имиња во летниот преоден рок, или барем по еден потврден играч на сите позиции на теренот, вклучувајќи ја и напаѓачката.
Спалети ќе има повеќе одговорност од таа на класичен тренер со обврските кои ќе ги преземе и во однос на трансфер пазарот, а се очекува да протежира фудбалери со кои ќе може подобро да ја имплементира посакуваната формација.
Меѓу потврдените имиња кои досега се поврзуваа со Јуве беа Алисон Бекер, Антонио Ридигер и Бернардо Силва.








