Алваро Арбелоа нема многу простор за анализа по поразот кој го претрпе Реал Мадрид од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, бидејќи тимот веднаш мора да го насочи кон нов предизвик во Ла Лига.
Реал нема право на грешка и не смее да си дозволи нов кикс во ситуација кога прашањето околу титулата е се поочигледно, па јасно е дека мечот со Џирона ќе биде искористен како добра увертира за тоа што следи, реваншот со Баерн во Минхен.
Реал ќе брка негатива од 2:1 и за очекување е Арбелоа да направи неколку измени во стартниот тим, од една страна поради суспензијата на Чуамени, но и поради добрите изданија на резервите.
Џуд Белингам и Едер Милитао значително го подигнаа нивото кај Реал во вториот дел, па се очекува и двајцата да бидат стартери во Минхен.
– Џуд и Милитао утре ќе бидат стартери, а минутажа може да добие и Менди. Прво не чека мечот со Џирона, нема да калкулираме и ќе излеземе со најдоброто што располагаме. Сакаме да оствариме позитивен резултат и во добро расположение да заминеме во Минхен каде ќе атакуваме на победа, – изјави Арбелоа, кој посебно се задржа на повратникот Милитао кој носи голема сигурност во одбраната.
– Еден сигурно е најдобриот стопер во светот, тој е најдобар на својата позиција. Тој е доминатен во играта еден на еден, многу моќен во дуел играта и извонредно ја изнесува топката. Исто така, голем плус кај него се и карактерот и менталитетот. Привилегија е што можеме повторно да сметаме на таков играч, – изјави Арбелоа.








