Нов тренд меѓу возачите: Ги ставаат ретровизорите во скапи торбички, а причината е посериозна отколку што мислите

Точка

09/04/2026

14:31

787

Големина на фонт

а а а

Во Амстердам се појавува нов тренд меѓу возачите, кои користат необични торби за да ги заштитат ретровизорите на своите автомобили.

Сепак, причината не се временските услови, туку нешто многу посериозно, пренесува „Autoblog“.

Изработени од специјален материјал

Овие торби се направени од кевлар (синтетички материјал кој најчесто се користи за изработка на заштитна опрема) и служат за да ги заштитат ретровизорите од крадци!

Како што се наведува, побогатите делови на Амстердам често немаат гаражи, што значи дека луксузните автомобили се паркирани на улица – и така лесно достапни за крадците.

Поради тоа, сопствениците почнале да користат кевларски торби за да ги заштитат надворешните огледала.


Не се воопшто евтини, но …

Торбите се прицврстуваат на основата на ретровизорот и имаат брава, за дополнителна заштита.

Иако не се евтини – цената на комплет на „Amazon“ достигнува и до 200 долари – сопствениците на луксузни возила очигледно сметаат дека инвестицијата се исплати. Замена на само еден ретровизор, на пример за „Porsche 911“ од најновата генерација, може да чини повеќе од 1.200 евра, пренесува „Bild“.