Смилковски по големата победа во Никшиќ: Фантастичен резултат, но оваа серија…

Дерби

09/04/2026

07:37

161

Големина на фонт

а а а

Екипата на ТФТ направи изненадување и успеа да слави над Сутјеска во Никшиќ во првиот натпревар од полуфиналето во АБА2 лигата.

Македонскиот претставник триумфираше со 93:88 и се стави во многу добро позиција пред мечот во Скопје закажан за 15 април. Тренерот Боро Смилковски е пресреќен поради напревениот брејк во серијата, но во исто време и внимателен затоа што е свесен дека ривалот ќе направи се да се реваншира на вториот меч.

-Би сакал да и се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта – ова е фантастичен резултат. Игравме против исклучително добар тим. Првото полувреме беше одлучувачко, каде што игравме маестрално. Имавме 16 асистенции, над 50 поени, над 20 поени во транзиција. Влеговме добро во играта, пристапот беше добар и можеби тоа беше клучот. Се очекуваше Сутјеска да се обиде да се врати во второто полувреме и да покаже квалитет. Успеавме, иако имавме проблеми со фаулите.

-Губевме со 1:0 против Златибор, а во вториот натпревар имавме 19 поени негатива. Оваа серија не е завршена. Добро е денеска да бидете ТФТ, но мора да се подготвиме за следниот натпревар што е можно поскоро. Сигурен сум дека Сутјеска ќе направи сè за да го врати брејкот, -порача Смилковски.