Ако сакате загатки, имаме една одлична за вас. Можете да се обидете да ја решите заедно со вашите деца и така да ги размрдате виугите, но не дозволувајте мозокот да ве измами – најверојатно прво ќе оди кон решение што ќе му изгледа најлогично, но набрзо ќе мора да ја промени перспективата.
Загатката пред вас се состои од низа броеви, а она што треба да го направите е да погодите кој број е следен во низата. На прв поглед делува сосема логично, но во неа се крие и еден „слој“ кој не е веднаш забележлив и токму тоа ја прави толку заплеткана.
Броевите се следни:
3, 9, 18, 32, 53, 83, ?
Обидете се сами да дојдете до решението, а потоа погледнете го и објаснувањето и точниот резултат.

Решение
За да ја воочите логиката тука, треба да погледнете не само броевите, туку и разликата меѓу нив. Добиваме:
9 - 3 = 6
18 - 9 = 9
32 - 18 = 14
53 - 32 = 21
83 - 53 = 30
Сега да ги погледнеме добиените разлики меѓу овие броеви:
6, 9, 14, 21, 30
Разликите меѓу овие броеви се следни:
9 - 6 = 3
14 - 9 = 5
21 - 14 = 7
30 - 21 = 9
Резултатот е низа непарни броеви:
3, 5, 7, 9

Значи, следниот треба да биде поголем за 11.
Потоа се доаѓа до следново:
30 + 11 = 41
А тоа значи дека бројот 83, кој е последен даден во низата, треба да се зголеми за 41, при што се добива 124. Решението е бројот 124, односно тоа треба да биде наредниот број во зададената низа.
Зошто ова е добра задача и за деца?
Затоа што многу прецизно ја открива разликата меѓу површните впечатоци и вистинската логика. На површината, тоа е едноставна, постепено растечка низа, но под неа постои посуптилна структура која станува очигледна дури кога добро ќе се размисли за неа.






