Екипажот на мисијата Артемис II, на своето историско патување околу Месечината, во последните денови со јавноста сподели низа фасцинантни сцени и детали од животот во вселенското летало.
Од првиот поглед на „темната“ страна на Месечината до секојдневните рутини, астронаутите обезбедиле единствен увид во својата мисија.
Историски моменти од мисијата
Четиричлениот екипаж на Артемис II стана првиот во историјата што со свои очи ја видоа далечната, секогаш скриена страна на Месечината. Покрај овој подвиг, е забележан уште еден уникатен момент кога канадскиот астронаут Џереми Хансен стана првиот човек кој ѝ се обратил на Месечината на француски јазик.
Астронаутите покажаа дека во вселената нема слободни денови, но и покрај тоа наоѓаат време за опуштање. На Велигденската недела организирале лов на велигденски јајца, користејќи пакувања од дехидрирани јајца. Тие споделиле и детали за својата исхрана, која вклучува ре-хидрирани шкампи и друга храна што се консумира директно од пластични кесички.
Што друго интересно се случило во вселената?
1. Ова е прво човечко патување околу Месечината по повеќе од 50 години, односно прво од ваков вид уште од времето на мисиите Аполо.
2. Кристина Кох, членка на екипажот на Артемис II, веќе држи рекорд на НАСА со 328 последователни денови во вселената меѓу жените и учествувала во првите исклучиво женски вселенски прошетки.
3. Астронаутите имаат закажани заеднички оброци три пати на ден. Секој член на екипажот добива три оброци дневно, а за секој е предвиден заеднички термин од 60 минути, што покажува дека и рутината на јадење е важен дел од мисијата.
4. Храната во Орјон навистина се загрева. Леталото има посебен food warmer за рехидрирана и термостабилизирана храна, а уредот по вадењето се прицврстува со леливи траки на ѕидовите или акустичните облоги за да не лебди во кабината.
5. И во вселената постои приватност во бањата. Орионовиот тоалет, „Universal Waste Management System“, е направен така што е поудобен и практичен за користење и за жени и за мажи во состојба на бестежинско поле. (Иако моментално не функционира).
6. НАСА внимавала дури и на мирисите и бучавата за време на тренингот и вежбањето. Системот за одржување на животот го отстранува вишокот топлина, влага и непријатни мириси за време на физичката активност, а во кабината се вградени акустични елементи за намалување на бучавата.
7. Екипажот мора и да вежба. Орион има вграден уред за вежбање што овозможува и аеробен тренинг и тренинг за сила, што покажува дека дури ни десетдневната лунарна мисија не поминува без фитнес рутина.
8. Мисијата има и свој „плишан момент“. Екипажот носи со себе индикатор за бестежинско поле наречен Rise, мал плишан предмет инспириран од легендарната сцена Earthrise. Дизајнот е избран меѓу повеќе од 2.600 пријави од над 50 земји.
9. Секое утро екипажот го буди една песна. Плејлистата може да ја слушнете тука.
10. Нутела лебдела во вселенското летало. „Најдобра бесплатна реклама во историјата“, пишуваат луѓето на социјалните мрежи.
The greatest free advert in history pic.twitter.com/SgGVxcImJO
— War Monitor (@WarMonitors) April 6, 2026
11. Сведочеле на затемнување на Сонцето. Гледано од капсулата, Сонцето почнало да се менува додека Месечината го заклонувала, создавајќи затемнување. Видлив останал само дел од сјајната атмосфера на Сонцето, короната, која провирала под Месечината. Астронаутите биле длабоко потресени од сцената:
„Неверојатна е светлината на местото на зајдисонцето, кое сè уште е јарко, а истовремено се гледа и сјајот на Земјата.“
12. Следи еден факт кој би може да ви биде особено интересен, затоа што се работи за уред што многумина од вас го држат во рацете. Во вселената понеле и iPhone. НАСА им додели на астронаутите iPhone 17 Pro Max. Уредите се посебно конфигурирани и се користат исклучиво за снимање фотографии и видеа. НАСА веќе објави низа фотографии снимени токму со iPhone, вклучувајќи кадри од Земјата од капсулата Орион.
13. iPhone им помага на астронаутите и за време на утринската рутина… На фотографијата подолу, еден од астронаутите се бричи додека во раката држи iPhone кој му служи како огледало.










