Алегри: Трката за титулата за нас заврши

Макфакс

07/04/2026

09:23

176

Големина на фонт

а а а

Наполи го победи Милан со 1:0 во дерби колото од италијанската Серија А и со тоа го прескокна на второто место на табелата.

Матео Политано го постигна одлучувачкиот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во 79-та минута.

Екипата на Антонио Конте сега е седум бода зад лидерот Интер, додека Милан на Макс Алегри е девет бода зад градскиот ривал.

Тренерот на Милан по натпреварот коментираше дека неговиот тим е елиминиран од борбата за шампионската титула, смета дека Интер има недостижна предност на табелата.

„Трката за шампионската титула за нас заврши. Интер е девет бода пред нас, а сега и Наполи направи разликата. Мора да се фокусираме на себе, да одиме натпревар по натпревар. Засега сме на пат да ја постигнеме нашата цел, а тоа е да влеземе во Лигата на шампионите. Но, тоа нема да се реши оваа недела или следната недела. Затоа мора да победуваме и да ја задржиме нашата позиција“, рече тој. Алегра.