Ти си Русинка, за тебе не може: На руска спортистка на аеродром одбиле да и продадат накит поради пасошот

Точка

06/04/2026

16:09

474

Големина на фонт

а а а

Руската уметничка лизгачка Аделија Петросјан се пожали на непријатно искуство кое го доживеала на аеродромот во Милано по враќањето од Зимските олимписки игри. Таа тврди дека продавачката одбила да ѝ продаде накит откако видела руски пасош, пренесува украинскиот портал „Glavcom“.

Тврди дека била одбиена поради пасошот

Лизгачката раскажа дека се обидела да купи обетки и прстен, но била запрена на касата. „Продавачката побара пасош, виде дека е руски и рече: ’Не можеме да продаваме на луѓе од Русија.‘ Тогаш си помислив: добро, се враќаме од Олимписките игри, имам пријател од Грузија, ќе го доведам него, па тој ќе купи“, изјави Петросјан.

Но, ни тоа не помогнало. „Тој го покажа својот пасош и бординг-карта. Девојката рече: ’Многу ми е жал, летате за Москва, ни вам не можам да ви продадам‘“, додаде таа.

Настапувала како неутрална спортистка

Петросјан учествуваше на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Поради ограничувањата воведени кон Русија поради војната во Украина, се натпреваруваше како индивидуална неутрална спортистка. Во поединечна женска конкуренција го освои шестото место, а тоа ѝ беше втор настап надвор од Русија.