Лука не им верува на Американците: Дончиќ се вратил во Европа за да го решава својот проблем

Дерби

06/04/2026

15:35

236

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс остана без двајца клучни кошаркари во чувствителен дел од сезоната, а во ситуација кога јасно е дека Лука Дончиќ и Остин Ривс нема да играат до крајот на регуларниот дел од шампионатот, двајцата мора да го забрзаат процесот на рехабилитација колку е можно повеќе.

НБА плејофот стартува на 18-ти април и нема премногу време за калкулирање, па поради тоа, Дончиќ одлучил да преземе ризик на своја мерка и третманот да им го довери на луѓе на кои максимално им верува.

Како што пренесуваат угледните американски медиуми, Дончиќ има за цел двојно да го скрати процесот на рехабилитација, а причина за тоа е првото коло во плејофот во кое се уште не е познато со кој тим ќе игра Лејкерс.

Поради истегнување од втор степен на задната ложа, Лука во нормални услови би требало да биде во аут еден месец, но целта е овој пауза да биде скратена на пола.

Дончиќ се вратил во Европа за да им се довери на добро познати лица со ваква проблематика, па во наредните две недели ќе подлегне на специјален третман кој се надева дека ќе вроди со плод.

Словенечката ѕвезда е од клучен фактор за играта на Лејкерс, а јасно е дека „езерџиите“ не би имале големи шанси за поволни резултати без него во тимот.