„Лудо е заљубена!“ Една од најубавите жени на светот се свршила? Еден детаљ ги поттикнал гласините

Точка

07/04/2026

08:35

587

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио ги поттикнала гласините дека е свршена откако на својот Инстаграм профил објавила фотографии од Бали на кои се гледа како носи златен прстен.

Славната 44-годишничка позирала во бикини, а во описот на објавата напишала „Бали… во зори“, откривајќи дека фотографиите ги направил нејзиното момче Бак Палмер.

Иако манекенката сè уште не потврдила дека е свршена, прстенот на левата рака бил доволен за да поттикне многу шпекулации.

Извор близок до парот изјавил за „Дејли мејл“ дека Алесандра не ја потврдила свршувачката, но дека сите веруваат дека нејзината врска со Палмер оди во сериозна насока.


„Тие се многу сериозни и заљубени, па ова може да биде голем знак дека се подготвува венчавка. Веројатно тој го дизајнирал прстенот што го носи затоа што тоа му е работа, рекол изворот, алудирајќи на работата на Палмер во дизајнот на накит.

Друг извор тврди дека манекенката никогаш не била посреќна.


„Таа има голем авантуристички дух и сака да пробува нови работи, тоа е совршено за неа. Не е против бракот, има отворено срце, па којзнае, можеби наскоро ќе се прошетаат до олтарот“, изјавил тој.

Потсетуваме парот за прв пат беше забележан заедно на забавата „Арт Базел“ во 2024 година, а веќе тогаш се појави информација дека Алесандра ја гледа оваа врска како долгорочна.

„Знае кого ќе бакне за Нова година и се надева дека тоа ќе биде истиот маж до крајот на нејзиниот живот. Таа поминала низ многу во врските, но сепак верува во љубовта и чувствува дека конечно ја пронашла“ рекол изворот во тоа време.


Палмер претходно бил во брак со Ешли Харт, од која се развел во 2017 година.

Од друга страна, Алесандра била свршена со Џејми Мазур, со кого има ќерка, Ања, и син, Ноа.

После тоа, таа била во врска со Николо Оди и Ричард Ли.