Руни им се противи на Сколс, Невил и Кин: Се знае кој треба да го води Јунајтед следната сезона

Дерби

06/04/2026

12:29

198

Големина на фонт

а а а

Мајкл Карик пристигна во Манчестер Јунајтед како привремено решение до крајот на сезоната, но со оглед на резултатите кои ги оствари и позитивниот впечаток кој го остави во соблекувалната, поранешниот фудбалер за врска сега сериозно е во игра за долгорочно менаџерско решение.

Иако дел од јавноста и добар деле од легендите на клубот се поделени на оваа тема, Карик се почесто добива поддршка и од своите некогашни соиграчи, па покрај Патрис Евра, негов најсилен сојузник е и Вејн Руни.

За разлика од Пол Сколс, Гери Невил и Рој Кин кои бараат Јунајтед да се откаже од Карик и да тргне во потрага на поискусен тренер, Руни смета дека Мајкл е доволно подготвен да се носи со тешката задача, особено поради фактот што ја знае целата структура, но и традицијата која се негува на „Олд Трафорд“.

– 100 проценти сум убеден, се знае кој треба да биде тренер на тимот следната сезона. Знаев дека Мајкл Карик ќе има вакво позитивно влијание врз тимот. Многу добро го познавам, го знам неговиот карактер. Потребна ни беше мирна глава, некој кој добро го познава местото и кој може да им пренесе смиреност и љубов на играчите.

– Тимот изгледа зближено со него, сега делуваат како добра група и не знам зошто би го менувале тоа. Тој има најдобар процент на победи како нов менаџер на Јунајтед после солиден број на натпревари, навистина не гледам зошто има дилеми. Според мене, тој мора да ја добие работата на долг рок, – вели Руни.