[ФОТО] Беше заводничка со ангелско лице и првиот супермодел, а потоа се навлече на пластични операции: Првпат „отишла под нож“ на 32 години, а вака изгледаше во младоста

Точка

06/04/2026

15:00

888

Големина на фонт

а а а

Џенис Дикинсон, која во повеќе наврати има истакнато дека токму таа е првиот супермодел на светот, со пластични операциите започнала уште во раните триесетти, кога ги забележала првите знаци на стареење.

Дикинсон во февруари го прослави својот 71-ви роденден, а деновиве беше фотографирана додека шета низ Лос Анџелес. Нејзиниот изглед ги изненади минувачите бидејќи на новите фотографии изгледа непрепознатливо. И додека порано беше една од најбараните ѕвезди во модната индустрија, редовно позираше за насловните страници на престижни списанија и беше заштитно лице на бројни кампањи, со честите естетски зафати целосно го промени својот изглед.


Отсекогаш отворено зборувала за естетските зафати што го одбележале нејзиниот изглед. Со корекциите започнала уште во раните триесетти, кога ги забележала првите знаци на стареење, а во текот на годините се подложила на зголемување на градите, липосукција, затегнување на лицето и вратот... И самата признава дека во еден момент претерала со ботоксот, поради што многумина денес едвај ја препознаваат.


Покрај промените во изгледот, во последните години се соочи и со непријатни ситуации. За време на снимањето на емисијата „I'm A Celebrity... South Africa“ во 2022 година доживеа пад при кој ја повреди главата и лицето. Тврди дека тој пад оставил трајни последици поради кои ја тужела продукцијата и побарала отштета од околу 900 илјади долари. Продукцијата наведува дека падот можел да се избегне, а судскиот процес е во тек.


Џенис претходно беше во брак со Рон Леви, Сајмон Филдс и Алан Б. Герстен, а во 2016 година го изговори судбоносното „да“ на психијатарот Роберт Роки Гернер. Јавноста истата година ја следеше и нејзината борба со рак на дојка, за која отворено зборуваше со цел да ја подигне свеста за важноста на раното откривање на болеста.

Нејзиниот љубовен живот отсекогаш ја интригирал јавноста, а една од најпознатите врски беше онаа со актерот Силвестер Сталоне во почетокот на 1990-тите. Дури беа и свршени, но до венчавка никогаш не дојде бидејќи актерот дознал дека тој не е биолошки татко на нејзината ќерка Савана, туку дека татко бил бизнисменот Мајкл Бернбаум.

Еве како изгледаше порано:


Еве како изгледа денес: