[ВИДЕО] Продолжуваат скандалите во Португалија: Играч на Порто плукна противник, луѓето во ВАР не реагираа

Дерби

06/04/2026

11:01

156

Големина на фонт

а а а

Првото коло по последната репрезентативна пауза во оваа натпреварувачка сезона ќе се памети по скандалозните случувања во португалскиот фудбал, од една страна поради срамната победа која ја оствари Спортинг Лисабон со голема судиска помош, но и поради киксот на Порто.

Лидерот на табелата направи Спортинг дополнително да верува во титулата откако одигра 2:2 против Фамаликао на домашен терен, а ситуацијата беше уште потрагична за домаќините бидејќи примија гол во 99-та минута.

Порто испушти важни два бода во битката за титулата, но пред да дојде до крајното разочарување, мора да се потенцира дека на еден домашен фудбалер му беше простен директен црвен картон.

Дефанзивецот Алберто Кошта беше стрелец на првиот гол на Порто, но во продолжение го режираше и најгадниот и најужасен потег на средбата.

Десниот бек на Порто го плукна ривалот Сорисо додека овој беше на земја, па непријатната сцена доби и скандалозна страна поради тоа што не реагираше главниот судија, но и луѓето во ВАР собата.

Уличарскиот потег на Кошта предизвика лавина од реакции во јавноста, а голем дел од медиумите бараат да биде казнет од дисциплинците и покрај тоа што не доби опомена за плукањето.