Грчевски ги собра ракометарките пред двата тешки предизвици во четири дена

Дерби

06/04/2026

12:33

119

Големина на фонт

а а а

Женската ракометна репрезентација на Македонија има два предизвици во месец април, а свој натпревар ќе има и на денот кога се прославува големиот верски празник Велигден.

Квалификациите за Европско првенство продолжуваа со натпревари против Германија и Словенија, па селекторот Кристијан Грчевски денеска прозиваше и ги започна подготовките за овие два дуели.

Собир на женската сениорска репрезентација🇲🇰пред дуелите со Германија и Словенија

Подготовките започнуваат💪

Posted by Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница on Monday, April 6, 2026

Девојките се појавија на првиот собир во „Александар Палас“ и веќе денеска ќе го имаат првиот тренинг, со кој ќе се означи старт на завршните подготовки за натпреварот кој се игра во среда.

Ракометарките ќе ја пречекаат Германија и од РФМ одлучија влезот во салата да биде слободен со цел да има што поголема поддршка за девојките, кои оваа недела ќе ја заокружат со дуел во Словенија.

На крајот на седмицата, Македонките ќе одиграат дуел против Словенија, и тоа во терминот од 18:00 часот.