Заменик капитенот на Баерн: Ако треба, Кејн ќе излезе на теренот против Реал и во инвалидска количка

Дерби

06/04/2026

09:02

204

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен направи страшен пресврт против Фрајбург и запиша луда победа со резултат 2:3, триумф со кој дополнително стекна самодоверба пред она што следи, клучниот двомеч со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Старите европски ривали овојпат се среќаваат во четвртфиналната рунда и веќе сите со нетрпение го очекуваат првиот дуел кој утре се игра на „Сантијаго Бернабеу“, но на 30-тина часа пред одигрување на натпреварот, се уште не е познато дали Баерн ќе може да смета на својот најдобар голгетер.

Хари Кејн се повреди за време на репрезентативната пауза и го прескокна гостувањето кај Фрајбург, па во овие неколку дена, физиотерапевтите на Баерн прават крајни напори за да го оспособат за пресметката со „кралевите“.

Најавите од Минхен се оптимистички и добар дел од медиумиуте пренеусваат дека Кејн ќе излезе на терен, а во таа насока оди и изјавата која ја даде заменик капитенот на баварците, Џошуа Кимих.

– Мислам дека Кејн ќе игра во вторник дури и да биде во инвалидска колична. Дури и да има болка, тој сигурно ќе се довлечка на теренот и ќе се обиде да ни помогне, – изјави Кимих.