Интер одигра зрел и сериозен натпревар без подеми и падови во текот на сите 90 минути и сосема заслужено забележа дерби победа против Рома, триумф кој го приближува лидерот на табелата до толку посакуваната цел, односно титулата во Серија А.
Скудетото изгледа се пореално по вчерашниот убедлив триумф со резултат 5:1, а добар дел од играчите на Интер беа посебно еуфорични во овој тежок период во кој останаа без пласман на Светско првенство.
Најголемата радост следеше по голот на Лаутаро Мартинез за 3:1 на стартот на вториот дел, но тренерот Кристијан Киву откри дека има едноставна причина за таквата реакција на сите играчи, дури и оние од клупата.
– На паузата барав од играчите да влезат со полн гасс во вториот дел, да го решат победникот со неколку голови и да не ја правиме грешката од претходните натпревари. Затоа реакцијата на самите играчи беше таква каква што беше по третиот гол.
– Во блиско минато, решивме да седиме назад и да се повлечеме откако ќе стекнеме предност, но овојпат не сакавме да ја повториме истата грешка. Сакавме да ги решиме сите дилеми околу победникот и мислам дека успешно го направивме тоа во второто полувреме. Победата од 5:2 покажува каков карактер има овој тим, – изјави Киву.








