Да ѝ помогнеме на малата Теона: Тумор ѝ го загрозува окото, потребни се 20.000 евра за операција

Точка

04/04/2026

13:20

385

Големина на фонт

а а а

10-годишната Теона се соочува со сериозна здравствена состојба – дијагностициран ѝ е тумор на солзната жлезда кој брзо расте и директно го загрозува нејзиното око.

Првите симптоми биле оток и црвенило на капакот на едното око. По детални прегледи и контроли, лекарите потврдиле дека туморот напредува и препорачале итна и сложена хируршка интервенција.

Поради комплексноста на операцијата, таа мора да се изврши во Турција, каде во третманот ќе бидат вклучени специјалисти од повеќе медицински области.


Семејството апелира за помош – за интервенцијата се потребни околу 20.000 евра, сума која самите не можат да ја обезбедат.

Теона е весело и љубопитно дете, најмладо од трите деца во семејството, кое досега живеело безгрижно детство. Со влошувањето на состојбата, стравот и неизвесноста стануваат дел од секојдневието, се наведува во апелот на „Ecrowd“, кој повикува на солидарност – секој придонес може да ѝ помогне на Теона да го задржи видот и да продолжи да ужива во своето детство.

Донирајте на следниот ЛИНК.