Продолжува негативниот тренд во индустријата кога станува збор бројот на вработени. На годишно ниво Државниот завод за статистика пресмета дека во индустријата има намалување на бројот на работници од 34 отсто.
Анализираниот период на статистичарите се однесува за месец февруари. Извештајот содржи подароци за сите индустриски гранки. Бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.

Веќе подолг период статистичарите забележуваат дека има намалување на бројот на вработени во секторот рударство и вадење камен, а таму платите достигнуваат и до 1000 евра, зависи од дејноста која се обавува во секторот.
Индустријата пак која најмногу вработува, а тоа е преработувачката, бележи повторно раст на бројот на вработени и тоа за 3,4 отсто, а платите во оваа индустрија се движат околу државниот просек односно нешто над 40 илјади денари. Интересно е тоа што намалување на бројот на вработени има и во индустријата која во последен период е една од најатрактивните, а тоа е снабдувањето со електрична енергија и тоа за половина процент.
Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.








