Нашето доживување на светот не е секогаш објективно – тоа е обликувано од искуствата, воспитувањето и дури и генетските предиспозиции. Психолошките тестови кои се засноваат на оптички илузии не се само забава: тие можат да откријат нешто скриено во нашата подсвест, нешто што често и самите не сакаме да го признаеме
Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да запомните што прво сте забележале.

Стаорец
Тоа значи дека се плашите да се потпрете на другите. Вие сте одговорна личност која полесно прави сè самостојно отколку да побара помош или да признае дека нешто ѝ е тешко.
Тежнеете кон независност и сакате контролата врз сопствениот живот да биде само во ваши раце. Критиката, сожалувањето или потсмевот може да ви го нарушат самодовербата, па по секоја цена се обидувате да ги избегнете.
Човечки профил
Ова укажува на длабок страв од изолација и осаменост. За вас е од огромно значење да бидете во друштво и да имате интеракција со другите.
Иако сте способни за независност и ја сакате самостојноста, сепак ви е неопходна редовна поддршка. Ви треба личност на која можете да се потпрете, па затоа не треба да бидете сами предолго – тоа може да ја наруши вашата внатрешна рамнотежа.







