Сакате да патувате сами? Овој европски град е прогласен за најдобра дестинација за соло патници

Точка

01/04/2026

16:12

558

Големина на фонт

а а а

Доколку планирате соло патување, а се прашувате која дестинација да ја изберете, „Quotezone“ креираше листа на најдобрите градови во Европа за оние што патуваат сами. На првото место се најде Мадрид.

За многумина, самостојните патувања се ослободувачко искуство, но за оние што првпат се впуштаат во тоа, можат да бидат и застрашувачки.

Со цел да го олеснат изборот на дестинација, една од водечките британски веб-страници за споредба на осигурувања, „Quotezone“, спроведе анализа и состави листа на најдобрите дестинации за соло патници.


Во анализата биле земени предвид јавниот превоз, бројот на хотели и понудени тури, брзината на интернетот и безбедноста, а најпопуларните европски дестинации се рангирани врз основа на вкупен индекс за соло патување.

На првото место е шпанската престолнина Мадрид – град со извонредни ресторани, одлични музеи и достапен превоз, солидна интернет-брзина и пристојно ниво на безбедност.


Прага веднаш зад него е на второто место, додека Лисабон, Париз и Рејкјавик ја заокружуваат првата петорка.

Листата од 10 најдобри дестинации за соло патувања во Европа ја сочинуваат:

Мадрид, Шпанија

Прага, Чешка

Лисабон, Португалија

Париз, Франција

Рејкјавик, Исланд

Будимпешта, Унгарија

Атина, Грција

Виена, Австрија

Фиренца, Италија

Осло, Норвешка


Претходно, списанието „Time Out“ креираше слична листа врз основа на мислењата на водичи, но фокусирана на жени кои патуваат сами. На првото место на нивната листа се најде Рејкјавик, а високо рангирани се и Стокхолм, Виена и Лисабон.