Во десет српски општини и градови се одржуваат локални избори, а од рано утро дошло до неколку инциденти и напади. Неколку десетици луѓе се степале во Бор, а сè се случило пред просториите на Српската напредна партија.
Забележани се повеќе физички судири, а неколку лица се повредени. Според извештаите од терен, тензиите кулминирале пред просториите на Српската напредна партија (СНС), но и во близина на зградата на ПИО фондот. Според наводите на репортерите од местото на настанот, неколку десетици луѓе учествувале во тепачката пред просториите на владејачката партија. Не е целосно јасно кој со кого се судрил, но сведоци тврдат дека одредена група вршела притисок врз гласачите, пишува Н1 Србија.
Дополнителни тензии се забележани и на други избирачки места, додека набљудувачите предупредија на неправилности во однесувањето на лицата кои се задржувале во близина на избирачките локации. Особено сериозен инцидент се случил кај зградата на ПИО фондот, каде што, според сведоштвата, биле нападнати момчиња кои ја поддржуваат студентската листа.
„Ги видов момците од ПИО фондот како излегуваат и се собираат таму. Нападнаа тројца момци кои ја поддржуваат студентската листа, на раскрсницата, им ги раскрвавија главите и влегоа во ПИО фондот. Мислам дека еден од нив имал двоен избирачки список, а еден од момците прашал за што станува збор, какви се тие списоци, што правите и така натаму. А потоа ги известиле останатите, излегле од ПИО фондот и ги нападнале момчињата“, рекол соговорник на Н1 Србија.
Студентите тврдат дека биле претепани двајца членови на мобилниот тим.
🚨Претучена два члана мобилног тима🚨
— Studenti_u_blokadi (@studentblokade) March 29, 2026
У Бору у близини ПИО фонда су нападнути чланови мобилног тима бибер спрејем у присуству полиције. Упркос наређењу полицијског службеника нападачима да сачекају долазак полицијске екипе батинаши су напали два члана мобилног тима приликом чега… pic.twitter.com/xcrkl2EZsS
„Во Бор, во близина на ПИО фондот, членови на мобилниот тим беа нападнати со спреј за самоодбрана во присуство на полицијата. И покрај наредбата на полицаецот напаѓачите да го почекаат доаѓањето на полицискиот тим, насилниците нападнаа двајца членови на мобилниот тим, при што тие се здобија со повреди на главата што бараат итно шиење. Полицајците ги држат на клупа на местото на нападот, додека напаѓачите стојат во близина“, рекле студентите во блокада.
Еден од очевидците изјавил дека напаѓачите наводно излегле од зградата, нападнале тројца млади луѓе на раскрсница и им нанеле повреди на главата. Според неговите зборови, судирот избувнал откако младите поставиле прашања за наводни двојни избирачки списоци. Инцидентите не биле ограничени само на една локација. Според достапните информации, најмалку тројца млади луѓе биле повредени во одделни напади во текот на денот, вклучувајќи и случај на избирачко место во населбата Долна Бела Река, каде што бил претепан еден студент. Полицијата интервенирала набргу по избувнувањето на судирите, но околностите и причините за инцидентите сè уште не се целосно разјаснети.
















