Инфлуенсерката „Travel With Ivon“ неодамна на својот канал објавила интересно видео за една арапска земја која изненадува на секој чекор.
Станува збор за кралството Јордан, земја во која традицијата и модерното општество одат рака под рака, а природните и историски атракции едноставно оставаат без здив.
Во Јордан да одбиете кафе се смета за навреда, додека пак сѐ што давате со десна рака значи дека го давате од срце – малите гестови таму никој не ги сфаќа безвредно.
Интересни се и законите за работа: вработените во војската или полицијата се пензионираат по само 24 години работа, со значајни бенефити.
Просечната плата таму изнесува околу 800 евра, додека пак квадратот на становите во главниот град чини околу 830 евра.
Иако е арапска земја, Јордан е единствениот регион без нафта, а сепак една од најстабилните држави.
Географски, фасцинира со своите природни феномени – таму се наоѓа најниската точка на планетата, 420 метри под нивото на морето, во областа на Мртво море.

Незаобиколива е и Петра, едно од седумте светски чуда, истражено само 15 проценти, а се протега на површина 4,5 пати поголема од Менхетен.
Од арапското гостопримство до природни историски чуда, Јордан е дестинација која ја спојува авантурата, културата и неверојатните сцени и – место кое мора да го видите со сопствени очи.






















