Дали сте слушнале за „депресивна торта“? Овој рецепт бил осмислен за време на Големата економска криза, односно Големата депресија, и се подготвува на многу едноставен начин.
Оваа торта е позната како „depression cake“, бидејќи потекнува од период кога состојките како јајца и млеко биле луксуз, но и покрај тоа е вкусна и лесна.
За подготовка ќе ви бидат потребни:
- 200 грама брашно
- 200 грама шеќер
- една лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- една лажица оцет
- една лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
- пет лажици масло
- 250 милилитри вода

Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, содата и солта. Додадете ги оцетот, ванилата и маслото. На крај додадете ја водата и добро измешајте. Смесата истурете ја во намастен плех или калап.
Печете на 180 степени Целзиусови околу 30–35 минути. По желба, додадете шлаг, парче овошје или посипете со шеќер во прав.








