Нашето кратко викенд патување со Magenta Moments - дозволи секој момент да биде полесен и поубав!

Точка

23/03/2026

11:59

184

Големина на фонт

а а а

Продолжени викенди секогаш ми звучат како мала шанса да побегнам од секојдневието, па овој пат решивме заедно со мојот партнер да организираме едно кратко, но убаво патување. Без многу комплицирање, направивме едноставна, ама баш добра комбинација од малку море, малку езеро и многу природа. Нашиот избор беа дестинациите Солун, Дојран и на крај Берово.

Утрото го започнаме без брзање, со кратко застанување во Здрава Станица. Одлично место за да се наполниме со енергија пред патот, со smoothie тост и кафе, а дополнително имавме и 15% попуст преку Magenta Moments. Вакви мали моменти се тие што го прават денот поубав уште од старт. Патот до Солун ни помина баш лесно. Овој пат без стрес, без барање Wi-Fi и без она класично „чекај да симнам мапа“. Со новите Мagenta 1 Unlimited услуги, интернетот си го користевме без проблеми во странство и тоа бесплатно, што значи- Google Maps, Instagram сториња и спонтани планови во движење.

Во Солун, класика што никогаш не досадува- кафе покрај море, долга прошетка на кеј и малку шопинг. Доволно за да огладнеме и да се упатиме кон Дојран. И таман кога помислив колку е убаво кога работите одат по план, ми текна на едно наше старо патување до Дојран, кога ни се случи да го згрешиме патот дури три пати без интернет во роаминг. А сега, со новата услуга роаминг интернет се си одеше по план, без никаква грижа и без дополнителен стрес пристигнавме во ресторан НОТА, место кое веќе ми е проверено и познато по највкусната храна, ама овој пат со уште подобро чувство, бидејќи го искористивме 10% попустот преку Маgenta Moments. Храна, поглед кон езерото и убава атмосфера.


Одлучивме и да преспиеме во Дојран, исто со 10% попуст, искористени едноставно преку Телеком мобилната апликација, и искрено тоа беше најдобрата одлука. Вечерта помина во долги разговори, без план, само уживање во моментот.

Следното утро продолживме кон Берово. Целосен контраст од претходниот ден, планина, свеж воздух и тишина. Прошетка покрај езерото и вистински одмор за телото. Нашиот избор за ручек беше во ресторанот Берлина, каде имавме можност повторно да ги искористиме поволностите од Magenta Moments со 10% попуст, а потоа полека се упативме кон дома, со чувство дека викендот сме го искористиле максимално.

Овој викенд беше доказ дека не мора да одиш далеку за да се исклучиш од секојдневието. Понекогаш ти треба само добар план, добро друштво и поволности што навистина прават разлика. А со Magenta Moments и новите Magenta 1 Unlimited услуги, целото патување ни беше полесно, поорганизирано и што е најважно без непотребни грижи.

Комерцијален текст