Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, обвини Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеничка од СДСМ.
„Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик. Законот беше донесен во јануари 2024та, после 18 години со голем консензус од сите пратенички групи во изминатиот состав на собранието, со широка дебата, и со вклулување на сите предлози на сите засегнати од овој закон. И што имаме денес? Имаме целосно игнорирање на сите одредби од законот. Има именувана директорка на Инспекторатот, има работна верзија од стратегијата за македонски јазик која започна да се работи пред само две недели. И толку“, рече таа.
Според Костадиновска – Стојчевска, не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани, а никој не реагира.
„На барање на владејачкото мнозинство се направи промена во законот за примена на македонскиот јазик со кој нивото на инспекторатот се намали со ветување дека тоа се прави само и само да профункционира! И повторно не функционира. Затоа, денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува барање за надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од законот за употзаконот за употреба на македонскиот јазик. Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името. Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ. Тоа се национални интереси и тоа, меѓу другото, е и заштита на јазикот“, рече Костадиновска – Стојчевска.












