[ВИДЕО] Цената на оваа „чанта“ е вртоглава, а изгледа како ќесите кои сите ги имаме под мијалникот – интернетот гори од коментари: „Цел живот носам луксуз, само не сум знаел“

Точка

18/03/2026

15:00

632

Големина на фонт

а а а

На еден од најгламурозните настани во Кина, каде се очекуваат блескави тоалети и скапи модни детали, една млада актерка успеа да го украде целото внимание – и тоа со целосно неочекуван потег.

Жанг Џинги, 26-годишна актерка во подем, се појави на Меѓународниот филмски фестивал во Пекинг во елегантен црн фустан. Сепак, она што предизвика лавина реакции не беше нејзиниот фустан, фризура или шминка, туку предметот што го носеше во рака: обична жолта пластична ќеса.

Фотографиите и снимките од настанот брзо ги преплавија социјалните мрежи, а корисниците на интернет не можеа да поверуваат што гледаат. Наместо луксузна чантичка каква што се очекува на црвениот тепих, Жанг носеше нешто што изгледа како најобична ќеса од продавница.


Набргу откако сликите станаа вирални, почнаа и теориите. Многумина заклучија дека всушност станува збор за дизајнерско парче, и тоа од модната куќа „Balenciaga“, позната по своите необични и провокативни креации.

Оваа претпоставка не дојде од никаде – „Balenciaga“ веќе претходно ја шокираше јавноста со чанта што личи на ќеса за ѓубре. Станува збор за моделот „Trash Pouch“, претставен во 2022 година под креативно водство на Демна Гвасалија, со цена од дури 1790 долари.

Затоа коментарите брзо станаа вирални: „Значи, имам „Balenciaga“ дома и не сум ни знаел“, „Цел живот носам луксуз, само не сум бил свесен“, „Мајка ми е милионерка, има полн ормар од овие ‘чанти’“...


Пресврт: не е луксуз, туку навистина ќеса

Сепак, како што подоцна пренесоа странските медиуми, се покажа дека – нема никаква модна измама. Жанг Џинги навистина носела обична пластична ќеса.

Тоа дополнително ја разгоре љубопитноста: зошто некој на толку важен настан свесно би избрал ваков детаљ? Според некои шпекулации што кружеа на интернет, ќесата можеби има симболично значење поврзано со нејзиниот нов филм или ликот што го толкува. Меѓутоа, актерката јавно не се огласи за да ги потврди или демантира тие теории.

Без оглед на вистинската причина, едно е сигурно – Жанг Џинги успеа во она што многумина се обидуваат: да стане главна тема на вечерта без скапи брендови и предвидливи модни избори.

Во време кога секое појавување на славните е внимателно испланирано до последен детаљ, овој неочекуван потег делуваше како освежување. За некои беше генијален, за други смешен – но никој не остана рамнодушен. И можеби токму тоа беше поентата.