Бруно Фернандеш игра извонредна сезона во Манчестер Јунајтед и се прикажува како лидер во секоја смисла на зборот, а неговите брилијантни изданија во последно време не останаа незабележани и од Тјери Анри.
Славниот Тити беше гостин во понеделничката програма на „Скај Спортс“ и реши посебно да ја анализира играта на капитенот на Јунајтед, на кого реши да му даде и нов прекар во јавноста.
Бруно со двете асистенции против Астон Вила го надмина рекордот на Дејвид Бекам и стана најдобар асистент во една сезона на Јунајтед во историјата (16), па Анри не штедеше комплименти за фудбалерот кој во минатото знаеше да добие и доста критики од легендите.
– Моето име за него е „Бреино“ (мозок) Фернандеш. Овој човек мисли кога игра фудбал. Отсекогаш ми се допаѓал, тоа што го прави овој човек во тешки моменти за Јунајтед е нешто извонредно.
– Брзина без контрола е бесцелна во фудбалот, но ако можете да ја контролирате брзината со својот мозок, тогаш ќе бидете побрз од било кој друг играч на теренот. Бруно го поседува тоа и го покажува од натпревар во натпревар. Го кажав тоа и кога бев претходно во ова студио. Тој не игра фудбал, тој размислува додека игра фудбал и тоа најдобро го видовме изминатиов викенд со двете асистенции и низата додавања во последната третина од теренот, – изјави Анри.








