Арбелоа одговори неочекувано прашање: Дали Реал е подобар тим без Мбапе?

Дерби

17/03/2026

14:27

248

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид го одработи вечерниот термин и ги направи завршните подготовки за реваншот со Манчестер Сити во Лигата на шампиони, натпревар во кој ќе влезе со предност од 3:0.

Првите 90 минути целосно им припаднаа на „кралевите“ и избраниците на Алваро Арбелоа ќе имаат добра залиха на „Итихад“, но како што порача самиот тренер на Реал, целта на тимот ќе биде да се оствари втора победа, а не да се брани водството од Мадрид.

Во комуникацијата која ја имаше со новинарите, еден дел од нив му порачаа на тренерот дека во јавноста кружат и гласини за подобрата игра на Реал без Килијан Мбапе во тимот, па тренерот доби директно прашање дали Реал е поизбалансиран и подобар тим без најдобриот голгетер.

– Тешко и комплицирано е да се замисли дека можеме да бидеме подобри и покомпетитивни без најдобриот играч во светот, но тоа доволно говори за квалитетот кој го поседува овој тим. Среќен сум за добрите работи кои се кажуваат за тимот, иако сметам дека Мбапе ни нуди поинакви карактеристики, – изјави Арбелоа, кој откри дека Мбапе му стои на располагање за утрешниот меч, додека Белингам не е во комбинација иако отпатува со тимот за Манчестер.

– Белингам е тој што сакаше да отпатува со тимот и затоа е тука со нас. Нема да игра на утрешниот меч, но сакаше да биде дел од тимот. Среќен сум што го гледам блиску до враќање, а од друга страна, Мбапе е веќе достапен. Утре ќе дознаете и дали ќе игра, – изјави Арбелоа.