[ФОТО] Скопје викендов живее во знакот на „tattoo“ уметноста: Над 150 артисти дел од „Artist Republic 2026“

Точка

15/03/2026

17:09

241

Големина на фонт

а а а

Со силна енергија, креативност и голем интерес од публиката, во Скопје успешно се одржува првата регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026, која викендов ги обединува најдобрите тату артисти од регионот и светот. Настанот се одржува во хотел „Александар Палас“, каде десетици уметници и љубители на тату културата создаваат уникатна атмосфера исполнета со уметност, креативност и инспирација.

Во текот на првиот ден од конвенцијата, посетителите имаа можност да проследат демонстрации на различни техники и стилови на тетовирање, да се запознаат со работата на реномирани артисти и да уживаат во динамичната атмосфера која го слави индивидуалното изразување преку уметноста на тетоважата. Повеќе од 150 тату артистиучествуваат на настанот, претставувајќи широк спектар на стилови – од класични и традиционални до современи и експериментални техники.


Конвенцијата има и натпреварувачки карактер, а во рамки на програмата веќе беа доделени дел од наградите во различни категории, со што се истакнува креативноста и врвниот уметнички квалитет на учесниците. Публиката имаше можност да ги види и најновите трендови во тату индустријата, како и да учествува во работилници и интерактивни содржини.




Денес продолжува вториот ден од „Artist Republic 2026“, кој ќе донесе нови тату сесии во живо, дополнителни натпреварувачки категории и финално прогласување на најдобрите уметници на конвенцијата. Програмата е дополнета и со музички содржини и дружење меѓу артистите и посетителите, создавајќи вистински фестивал на уметноста и урбаната култура.


Организатори на настанот се „Skopje Tattoo Show“ и „Great Heart Ar“t, кои со оваа конвенција имаат за цел да ја позиционираат Македонија како значајна точка на регионалната „tattoo“ сцена.

„Artist Republic 2026“ веќе покажа дека тетоважата е многу повеќе од тренд – таа е уметност, култура и начин на личен израз кој ги поврзува луѓето од различни земји и генерации.



Конвенцијата продолжува и денес во Александар Палас, каде посетителите сè уште имаат можност да бидат дел од ова уникатно уметничко искуство.