Од полноќ точиме поевтино гориво - еве кои се новите цени на бензините и дизелот

Точка

14/04/2026

14:13

1.557

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.

Согласно тоа малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, и ќе чинат 82,00 ден/лит, односно 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, и со тоа ќе се продава за 95,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 ден/лит, и ќе изнесува 96,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 2,084 ден/кг, и ќе изнесува 49,227 ден/кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.

Регулаторот нагласува дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско.