Германија удира контра кризата: Пристигнува поевтино гориво и бонус од 1.000 евра за вработените

Точка

14/04/2026

17:59

1.543

Големина на фонт

а а а

Коалицијата што ја води Германија, односно претставниците на партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД, се договорија по долготрајни преговори за неколку мерки со кои ќе се обидат да ги ублажат ефектите од војната во Иран.

Министрите од овие две партии долго време се обидуваа да постигнат договор за конкретни мерки со кои би се олесниле последиците од овој конфликт, кои се чувствуваат ширум светот. На крајот, беа одржани интензивни преговори во текот на изминатиот викенд, а претставниците на власта успеаја да постигнат договор за конкретни мерки.


Ова се листата на мерки што ги воведува Германија:

1. Германија привремено ќе го намали данокот на бензинот за 17 центи по литар, а оваа мерка ќе трае најмалку два месеца.

2. Компаниите ќе можат, на еднократна основа, да им исплатат на своите работници бонус од 1.000 евра, кој нема да биде оданочен.

3. Владејачката коалиција најави дека во наредните недели ќе претстави подолгорочен предлог за намалување на даноците за граѓаните со ниски и средни примања.


4. До летото во парламентот ќе биде усвоен предлог за системска реформа на здравственото осигурување, со цел да се ублажи товарот за германските работодавачи во услови на забрзано стареење на населението.

5. Коалицијата исто така ја потврди намерата во Брисел да се избори за дополнително ублажување на целите за емисии за производителите на автомобили, отфрлајќи го предлогот на Европската комисија за мали автомобили, како и предлогот да се воведе обврска за компензација за дополнителни емисии.