Хуманоиден робот бил вмешан во инцидент што се случил во Макао, Кина. Тој е обвинет дека исплашил постара жена, која по тоа искуство била пренесена во болница. Роботот бил спроведен од полицајци и не пружал отпор.
Роботот од Макао бил спроведен од полицијата откако исплашил постара жена, според извештаите на весниците „Macau Post“ и „South China Morning Post“, кои ги пренесува „Futurism“.
Полицијата за јавната телевизија „TDM“ изјавила дека инцидентот се случил навечер, во близина на станбен комплекс во Патане, пренесува „Mediafax“.
Жена на возраст од 70 години гледала во телефонот додека одела по улицата. Забележала хуманоиден робот, модел „Unitree G1“, кој се наоѓал зад неа. Жената викнала кон роботот, а тој реагирал подигнувајќи ги двете раце. Полицајците повикани на местото на настанот го спровеле роботот. Тој не пружал отпор, а еден полицаец бил виден како ја става раката на рамото на роботот, токму како што се постапува со човечки осомничени.
The First Humanoid Robot Arrested by Police🤖👮♀️
— CyberRobo (@CyberRobooo) March 7, 2026
One night in Macau, a citizen was taking a walk with his humanoid robot (Unitree G1).
A passing woman yelled at him (perhaps frightening her), essentially saying, "Why bother with this when there are so many other things to do?… pic.twitter.com/moCBhsDeRW
Информациите што ги објавиле кинеските извори покажуваат дека роботот му припаѓа на еден образовен центар во Макао и дека бил користен за „промотивни активности“. Подоцна бил вратен на сопственикот, од кого било побарано да биде повнимателен.
Претставник на образовниот центар објаснил дека инцидентот се случил додека роботот ја напуштал таа област. Жената застанала насред патеката за да го провери телефонот, а бидејќи роботот не можел да ја заобиколи, едноставно чекал зад неа. Тогаш жената го забележала роботот со вклучени светла и се исплашила.
Жената била пренесена во болница, но одлучила да не поднесе пријава. Полицијата исто така потврдила дека немало никаков физички контакт меѓу двете страни.








