„Не купувајте што било, само затоа што е посно“: Нутриционистка предупредува на три фатални грешки во текот на постот

Точка

13/03/2026

15:47

362

Големина на фонт

а а а

Строгиот пост на вода за бројни верници претставува важен дел од духовната дисциплина, но експертите предупредуваат дека ваков начин на исхрана не е погоден за секого.

За тоа како постот влијае врз организмот, кој треба да внимава и кои грешки луѓето најчесто ги прават во текот на постот, зборувала нутриционистката Сандра Милошевиќ во емисија на српската телевизија К1.

Кој не треба да пости?

„Постот на вода го регенерира нашиот организам и ги намалува воспалителните процеси во телото. Тоа е строг пост и не се препорачува за секого. Децата кои се во развој, трудници, доилки, лица со анемија, одредени болести, дијабетес тип 1. Не е за секого, но може да се приспособи“, истакнала нутриционистката.

Како што објаснила, постот бара и добра подготовка но и правило планирање на оброците.


„За да постиме, мораме да бидеме духовно подготвени. Важно е да имаме добро избалансирани оброци и да имаат некакво стручно водство. Тогаш мора да водиме сметка за внесот на протеини и како да ги комбинираме намирниците. Мора да ги збогатиме оброците со здрави масти“, рекла нутриционистката.

Зошто за време на постот понекогаш доаѓа до дебелеење?

Иако многумина очекуваат дека за време на постот ќе ослабат, честопати се случува спротивното. Причина за тоа, како што истакнала Милошевиќ најчесто лежи во погрешниот избор на намирници.

„Тоа е поради преголемиот внес на јаглени хидрати и високо преработена храна. Најголемата грешка е кога луѓето немаат стратегија, туку јадат сè што е посно. Кога зборуваме за високо преработени производи тие не се добри и треба ретко да ги консумираме. Најдобро е храната да се приготвува дома“, објаснила таа.

Пост и „детоксот“ на организмот

Постот може да има одредени здравствени бенефити, особено кога е правилно организиран.


„Доколку не постиме, ние не му даваме простор на нашиот организам да се одмори од висококалоричната храна. Навика е да се јаде месо секој ден. Месото нѝ е потребно но не секој ден. Мораме да водиме сметка и за внесот на мешунки. Внесувањето растителни влакна е особено добро за жените, за хормоналното здравје. На овој начин, го зачувуваме хормоналното здравје“, нагласила Милошевиќ.

Како што додала, постот може позитивно да влијае и врз одредени здравствени параметри.

„За време на постот липидниот статус се приспособува. Влијаеме на кардиоваскуларното здравје. Хипертензијата се намалува. Кај постот е добро тоа што размислуваме за исхраната и што ќе јадеме“.

Растителни протеини како замена за месо

За време на постот особено е важно да се пронајдат адекватни извори на протеини што доаѓаат од растителни намирници.

„Мешунки, леќа, наут, грашок, грав да се комбинираат со интегрални житарки, кои можат да ги заменат протеините. Јаткасти плодови, здрави масти и протеини, сусам, лен, семе од чиа“, советува нутриционистката.


Три најчести грешки во текот на постот

Милошевиќ ги истакнала и трите најчести грешки што луѓето ги прават во текот на постот.

„Првата е високо преработена храна, да се купи што било само да е посно. Втората е прескокнување на оброците што е општа грешка и секако, висок внес на јаглехидрати“, нагласила нутриционистката.

Сигнали дека постот не му одговара на организмот

Важно е да ги слушаме сигналите што телото ги испраќа при промена на исхраната.


„Ако се чувствуваме исцрпено, немаме енергија, не сме испланирале добро или не нѝ годи. Доколку има потреба, постот може да се приспособи или да се подготвите за него“, заклучила нутриционистката.