Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во Белград, на скалите од зградата на седиштето на Владата на Србија, во 12:23 часот. Што се случувало пред атентатот?
„Премиерот тој ден имаше болка во нозете и се зборуваше дека нема да одиме на работа. На крајот беше дефинитивно одлучено дека нема да одиме и се разидовме. По околу еден час повторно се слушнав со Дијана, по телефон или со Сале возачот, планот се смени – претседателот на Владата сепак тргнува на работа и повторно треба да се сретнеме во Владата“, раскажал пред неколку години во филмот „Последниот ден на Зоран Ѓинѓиќ“ Милан Веруовиќ, кој бил телохранител на Ѓинѓиќ, и продолжил:
„Влеговме во дворот на резиденцијата, Сале и јас со неговиот автомобил, а останатите два автомобили останаа пред резиденцијата. Заѕвонив на врата, ми отвори Ружица како и секој ден и ми рече да почекам уште малку додека премиерот се подготви, јас почекав. Ништо необично тој ден – како и секој друг. Почекавме пред дворот.“

„Премиерот задоцнил повеќе од 20 минути при излегувањето од резиденцијата, што за него не било вообичаено. Беше убав ден, ние стоевме надвор, разговаравме со Ружица која излезе да поразговара со нас. Тој излезе некаде околу 12:30, 12:32 часот, приближно. Влегува во автомобилот, се поздрави со нас и тоа беше сè“, рекол возачот Александар Бјелиќ, па нагласил:
„Обично во автомобилот коментираше настани од претходниот ден или нè прашуваше Сале или мене што се случува, што има ново… Тој ден, ништо не ни праша. Денот помина во молк. Нашето возење од резиденцијата до зградата на Владата траеше околу пет минути. Тој ден, не рековме ништо еден на друг.
И по 18 години се сеќавам на секој момент. Тоа е настан што ќе остане за цел живот во мојата меморија. Се сеќавам како да се случува сега. Се сеќавам на сите детали“, рече пред неколку години проф. д-р Миљко Ристиќ, кардиолог, кој се обидувал да му го спаси животот на поранешниот премиер.
Зоран Ѓинѓиќ бил погоден со еден куршум во градите, тој куршум го пробило неговото срце и го убил скоро веднаш. Брзо бил однесен во болница, но за жал, по еден час била констатирана смртта. Според официјалното соопштение на Владата, Ѓинѓиќ не бил при свест по пристигнувањето во болницата. На убиството на тогашниот премиер му претходеле неколку претходни неуспешни обиди за негово убиство, како нападот пред Белградската арена на 21 февруари 2003 година.
Сестрата на Зоран Ѓинѓиќ: „Научив да го живеам животот со тоа дека тој повеќе не е меѓу нас. Многу е тешко да го изговорам тоа.“
„Бевме многу поврзани. Тој е мојот единствен брат и откако знам за себе, знам и за него“, зборувала Гордана за својот брат Зоран Ѓинѓиќ.
„Покрај тоа што беше одличен ученик, успеваше да постигне сè – да се занимава со шах-клубот, карате и девојки. Неговите пакости немаа крај. Се сеќавам како во Поповската градина собиравме зелени резделии (диви сливи) и од нив добивавме херпес на усните, па подоцна од мама добивавме ќотек, затоа што нè предупредуваше дека не смее да се допира туѓо, сепак, Зоран не се издвојуваше од друштвото. Тој во Травник скијаше низ насипот по кој поминуваше пругата зад зградата во која живеевме. Бев во станот во кој живеевме. Се наоѓа на трет спрат во зграда стотина метри од гимназијата, во близина на католичката црква. Имам фотографија каде се спушта на тие направени дрвени скии. Јас ги имам дома, како и неговата гитара на која свиреше во Травник. Одлучив да ги предадам во Архивот на Србија, каде постои поставка на неговите лични работи“, раскажала сестрата на Зоран Ѓинѓиќ, Гордана Филиповиќ, пред неколку години, пишуваат „Независне новине“.
Поранешниот претседател на Владата на Србија (2001 – 2003) е роден во Босански Шамац во БиХ, каде го завршил основното училиште, додека две години гимназија посетувал во Травник, по што со семејството се преселил во Белград.

„Зоран необично го сакаше Травник. Необично ја сакаше Босна. Го потсетуваше на убав период од неговиот живот.
Белград е метропола во која нема таа опуштеност и безгрижност. Нашиот татко беше воено лице и ние во тој дух бевме воспитани. Никогаш не гледавме на националноста на нашите пријатели. Зоран во душа беше Југословен, како што и јас бев и останав Југословенка и никако не можам да се помирам со тоа дека меѓу народите постојат разлики што треба да ги делат. Каков е човекот, сè зависи од човекот, а не од тоа дали е муслиман, Србин или Хрват“, додала Гордана.
Зоран Ѓинѓиќ по Деветтата белградска гимназија се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, каде дипломирал пред рокот и ги завршил постдипломските студии. Докторирал во Германија.
Гордана ги чува своите драгоцени спомени со братот, за што зборувала во 2013 година за „Слободна Босна“:
„Ние во Травник дојдовме да живееме во 1962 година, а се отселивме во 1969 година. Последен пат во Травник бев во 1989 година на одбележувањето на дваесет години од матурата. Себеси сега не се гледам како Гордана која тука завршила гимназија, туку како личност која ги поминала најубавите денови со својот брат. Секоја улица тука ме потсетува на нашиот заеднички живот. На нашето одење на училиште, прошетките до Сините Води, местата каде сите се движевме. Зоран тука заврши две години гимназија. Беше многу немирен, жив, подвижен.“

Зоран Ѓинѓиќ кој бил во брак со Ружица Ѓинѓиќ, бил убиен на 12 март 2003 година на скалите од зградата на седиштето на Владата во Белград, околу 12:30 часот. Погоден е со куршум кој го проби неговото срце, веднаш е пренесен во болница, а смртта е констатирана во 13:30 часот во Ургентниот центар.
„Бевме многу поврзани. На Новите гробишта, каде што е погребан Зоран, ми пристапи една помлада жена и рече: ‘Знаете, и јас имам помал брат, кога би му се случило нешто, јас не би останала жива’. Јас ја прашав: ‘Кој е вашиот предлог? Што да правам јас?’ Најтешко е да се живее со тоа! Всушност, потешко е да се живее со тоа отколку воопшто да не се живее. Затоа што едноставно, сè ме потсетува на него. Тој е мојот единствен брат и откако знам за себе, знам и за него. Мојот сопруг нема брат ниту сестра. Ружица, сопругата на Зоран, исто така нема брат или сестра, само ние во семејството се имавме еден со друг. Кога ќе преживеете ваква трагедија, тогаш повеќе никогаш не сте исти. Повеќе немате дел од душата. Научив да го живеам животот со тоа дека тој повеќе не е меѓу нас. Многу е тешко да го изговорам тоа. Мајка ми се труди да не ми го покаже своето страдање. Мислам дека таа е многу посилна од мене. Но, кога остануваме сами, знаеме како ни е“, истакнала Гордана, која дипломирала медицина, а потоа специјализирала медицина на трудот.
Да потсетиме, мајката на Зоран и Гордана, Мила Ѓинѓиќ, починала во 2016 година на 84-годишна возраст во Военомедицинската академија. По убиството на Зоран Ѓинѓиќ, таа добила постојана полициска придружба.
















