Лука Дончиќ стигна до седми трипл-дабл учинок оваа сезона, а со помош на Остин Ривс, го одведе Лос Анџелес Лејкерс до важна победа над Минесота.
Домаќините повторно настапија без ЛеБрон Џејмс, но Дончиќ со 31 поен и по 11 скокови и асистенции се погрижи за нов триумф и зацврстување на позицијата во западната конференција.
Ривс имаше одлично второ полувреме во кое постигна 29 од конечниот ефект од 31 поен, па Минесота не можеше да се спротивстави на расположените домаќини. Едвардс и Рендл со по 14 поени беа најдобри реализатори во гостинскиот тим.
Виктор Вембањама стигна до 39 поени и повторно беше решавачки фактор за триумф на Сан Антонио, кој овојпат славеше над Бостон пред своите навивачи.
Фокс со 25 поени беше најголема поддршка за Вемби, додека на спротивната страна, Вајт стигна до 34 поени.
Филаделфија – Мемфис 139:129
Атланта – Далас 124:112
Бруклин – Детроит 100:138
Мајами – Вашингтон 150:129
Хјустон – Торонто 113:99
Милвоки – Феникс 114:129
Сан Антонио – Бостон 125:116
Голден Стејт – Чикаго 124:130 (п)
Портланд – Шарлот 101:103
Сакраменто – Индијана 114:109
ЛА Лејкерс – Минесота 120:106








