Сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефкети, на денешното судење во судницата во Идризово, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.
Сведокот, кој е сопственик на фирмата „Чкаља“ ДООЕЛ во Кисела Вода, а сега веќе и на бренд „Е-аудио“, одговарајќи на прашања од Јавниот обвинител, рече дека го познава Панчо, кој пред околу три години има купено куферче за далечинска активација, а на член на ДНК, кој подоцна дознал дека се вика Буцо, му продал осум патрони за топли фонтани.
Игновски рече дека куферчињата ги продвал легално во продавнца, а топли прскалки никогаш не продавал бидејќи биле потребни многу дозволи. Година и половина пред критичниот настан лично од Бугарија со автомобил донел околу 100 топли прскалки „Тропик“, кои рече повеќе биле за демонстрација на клиентите за куферчињата, како и дека осум такви продал на ДНК.

Прашан зошто смета дека прскалките што им ги продал тогаш на ДНК не се тие што се употребени и во дискотеката „Пулс“, со оглед дека се пронајдени остатоци од прскалки од истата фирма, сведокот рече дека ДНК од тогаш до трагичниот настан на секој настап користеле прскалки, што значи дека од тогаш употребиле повеќе од 100-200 прскалки.
-Јас доставив слики од видеа и фотографии од настани на ДНК. Во изминатите година и половина имаат потрошени 100-200 прскалки за настаните. Значи на секој настан користеле прскалки. Плус, јас немам ниту продадено на некој, ниту ме контактирал некој, појасни сведокот, нагласувајќи дека тие што тој го донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба.
Пред трагедијата во Кочани, на настап во Гевгелија, во дискотека „Де факто“ ДНК, како што рече сведокот, имаат запалено платно и звучници, со истите прскалки и истото шоу.

Игновски, во својот исказ нагласи дека продаваат бикови, лед фарови, машини за конфети, дим машини, ладни фонтани, прскалки на прашок… се што се користат за свадби и настани.
-Досега сопственик на ресторан многу ретко купил таква работа, најчесто изведувачите сами си прават за сценски настап, изјави сведокот, појаснувајќи дека топлите фонтани работат на барут и се со истиот состав како и прскалките на детски торти.
Сведокот, појасни дека има топли фонтани за внатре и за надвор со разни големини од метар, два и три и појасни како се користат, нагласувајќи дека топлите прскалки ако ги допрете ќе ве изгори, а ладните и рака да ставите нема да ве изгори.
– Се става патрон. Се става во стенд бај, нема никој да го примети и можете кога сакате да го активирате. Тие се многу мали и дискретни. Ладните фонтани се големи кутии и доста се видливи на сцена. Релативно се многу поисплатливи да се користат, но уредот е поскап да се купи, и затоа кај нас повеќе се користат топли фонтани, изјави сведокот.
Куферчиња за активирање на фонтани, како и други работи како балони, прашок и топли фонтани, продавале легално со декларација увезени од Кина, по цена од 150 евра една. Според сведокот ладните прскалки на прашак се 500 евра, а за да се направи ефект треба да се купат четири и е мн поскапо, поради што многу помалку се користат.

– Куферчињата што ги продававме беа со осум бази и две даљинска. Постојат и со 12 и 4 бази. Процесот на активација, се става прксачката во уредот и батерија внатре и во стенд бај позиција. Отприлика може да се активира на 50 до 150 метри далечина. Патрони има за метар, два и три и тој што го користи треба да знае дека има за внатрешна и надворешна употреба. Тие за надвор се помалку запалливи. Полнењето е барут со магнезиум и алуминиум прашина. Буквално исти како тие за торти, само што се тие помали до 30 сантиметри и помал домет, изјави сведокот.
Иганатовски рече го познава Панчо, кој пред три години има купено куферче, а после тоа се јавил дечко за да купат патрони и прскалки.
-Пред три години куферче купи Панчо, а после неколку дена се јави дечко што пелтачеше, што потоа дознав дека се вика Буцо. Дојде ги зема и тоа беше. Тоа беше одамна и после тоа не се јавија да купат, изјави сведокот.
Топли прскалки Игантовски рече има лично донесено од Бугарија, 50-100 парчиња купени на пазар, а увезени од фирмата „Тропик“.
-Тоа е се што сум имал и продлал. Тоа е неисплатливо, а не можам и да се борам со конкуренција што може да се купи на бит пазар или онлајн и да ви стигне на адреса, изјави сведокот.
Тоа, сведокот рече, било најмалку една година и половина пред трагичниот настан.
-Јас еднаш ги донесов со кола и го продадов по 500 денари една, пред три години. Материјален траг нема. Повеќе сум ги земал за демонстрација на куферчиеата, но не сме ги продавале, изјави сведокот.
Прашан дали имал некаква соработка со дискотеката „Пулс“, сведокот рече дека немал, „ниту знае каде е и ниту бил таму“.

Прашан за прскалките што биле користени во „Пулс“, Иганатовски рече дека врз основа на што видел од видеата дометот на прскалките што се користеле вечерта се со повеќе од три метри.
-Да користеле од два метри или метар и половина немало да има проблем. Такви има само на бит пазар. Тоа што јас сум донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба, нагласи сведокот, појаснувајќи дека на самите прскалки пишува кој е дометот и дали е за внатрешна или надворешна употреба.
Седокот рече не го познава лицето Денис Даутовски, кој, на претходните рочишта сведоците го посочија како лице кое рекло дека ДНК ја набавувале опремата од некоја продавница во Кисела Вода, но не знае која точно.
По случката во Кочани, Игновски престанал со продажба на такви боксови, а му останале две на лагер. Од кои една дал на полицијата по настанот.
-Такви сме продале десетина – 15 парчиња максимум. Прскалки не сум носел затоа што немам како да ги продадам во продавницата легално. Имам ладни фонтани и муштерии што ги купуваат, зошто би ризикувал фирма за 100 денари прскалка, изјави Игновски.
На прашања од бранителката на првообвинет, Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцева, сведокот потврди дека топлите фонтани ги набавил нелегално од Бугарија од фирмата „Тропик“ и дека ги продавал на Панчо.

На прашањето дали сопственикот на објектот Дејан Јованов, или неговиот син, побарале да купат прскалки, тој одговори негативно.
– Не го познавам човекот, ниту пак неговиот син, рече сведокот.
На прашање од одбраната на Митко Стојанов, во врска со прашањето што се случило со остатокот од прскалките, рече дека често ги продавал и за свадби и за само месец откако ги набавил ги продал.
Во врска со прашањето дека после пожарот во Гевгелија ДНК продолжиле да ги користат прскалките, тој одговори потврдно.
-Тие никогаш не престанале да ги користат, нон-стоп по фејсбук има, рече сведокот.

На прашања од бранителот Огнен Ѓорѓиев во врска со тоа дека во последните три четири години никој не му извршил контрола за продавање на уреди за пиротехника, одговори не.
-Не, веројатно затоа што имам друга примарна дејност, озвучување и осветлување, рече тој.
На прашања во врска со тоа дали кога се купуваат прскалките доаѓаат со упатство за употреба, одговори дека би требало да има на самата амбалажа, но дека не го прочитал.
Потврди дека на нив постои знак за опасност, предупредување.
Бранителката на обвинетите од Министерството за економија побара во забелешка да бисе ставено „кој треба повеќе да е на обивнитлена клупа, обвинетите од министерството што издале лиценци во 2011 година, или овој сведок кој што криумчарел пиротхеника, на цнро ја држел во неговата продавница, ја продавал и ставил на располагање општо опасно средство од кое загинале сите овие луѓе?“.
На што обвинителот одговори дека не треба да се дозволат овие забелешки и посочи дека, како што рече „луѓето не загинаа од активација на пожар, туку од што немале каде да избегаат“.

На прашање од бранителот на обвинетиот од Пазарен инспекторат, дали со нелегална пиротехника ДНК го запали „Пулс“, одговори да.
На прашање од судот дали лицето кое доаѓало да купува пиротехника во времето додека сте продавале било потребно да поседува некоја лиценца или дозовла за користење.
– Прво ние не сме ги продавале леглано за да побараме дозвола. Јас сум му учинил на Панчо, осум прскалки, и тоа е тоа, рече сведокот.
Судењето продолжи со сослушување на сведоци на предлог на обвинителството.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.















