[ФОТО] Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

Макфакс

09/03/2026

07:08

1.174

Големина на фонт

а а а

Бензинските пумпи во Црна Гора се во состојба на хаос откако Здружението на нафтени компании на Црна Гора (UNKCG) предупреди во текот на вчерашниот ден дека постои сериозен ризик од прекин на снабдувањето со гориво во земјата.

Тие тврдат дека од почетокот на кризата на Блискиот Исток, цената на нафтата, особено на евродизелот, од добавувачите е за 30 проценти повисока од цените по кои горивото моментално се продава во Црна Гора.

Црногорското Здружение на нафтени компании тврди дека проблемот е постојната државна регулатива која ги пресметува максималните малопродажни цени во Црна Гора на секои две недели и дека не ја следи динамиката на промените на меѓународниот пазар.


„Во такви околности, разликата помеѓу куповните и продажните цени брзо се зголемува, што неизбежно создава сериозни финансиски загуби за компаниите и води до прекини во синџирите на снабдување“, објави Здружението на нафтени компании на Црна Гора.

Од друга страна, црногорското Министерство за енергетика и рударство тврди дека нема недостиг од нафтени производи, ниту дека постои ризик од прекини во снабдувањето на пазарот.

Во соопштението за медиумите, тие наведуваат дека најголемиот број бензински пумпи во земјата продолжуваат да обезбедуваат редовно и непрекинато снабдување, како и дека расположивите количини на гориво се доволни за уредно функционирање на пазарот.